Thursday, May 13, 2010

Нови Насоки,Нов Сектор






Минатата недела бев на качување во Зли Дол со Владо на еден ден каде што качувавме малце бидејки беше многу влажно па потоа отидовме на Св Никола па таму малце се опуштавме на лесните насоки.Викендот 8-9-10.05 бевме во Демир Капија каде со Владо отворивме нов сектор кој се наоѓа после Колосеум секторот,направивме 5 смера за 3 дена од кои работевме по 5 часа.Смеровите се супер пробав само два од нив (најлесните) и се слични како во Турција со сталактити,превисни ептен се добри и ке има нешто ново и годинава да се качува.Голема штета е што поставувачите на насоки не прават смерови (не ми е јасно зошто тогаш полагале,можда титулата им е битна за да имаат уште некој диплома која ке им стои некаде у фијока),ама нема везе Последните Мохиканци (Владо и јас) пак останавме последни во Демир Капија за да завршиме работа.И после зборат немало смерови за качување а 90% од нив не ги ни пробале.Кога сите поставувачи на насоки би се активирале секој со своето ниво на качување да прави насоки ке има многу насоки од сите отцени.
ОВА НЕ Е КРИТИКА ОВА Е САМО МОЕ ГЛЕДИШТЕ НА РАБОТИТЕ.


Новите насоки се ( од лево кон десно):
Капетан Кука................?

Пјур Грип.......................?
Брус Ли..........................6c/+
Ичебана.........................7a
?......................................?( ке го прашам Владо за името)













Tuesday, April 6, 2010

Демир Капија за прв пат годинава

Продолжен Викенд плус роденден плус Великден.За прв пат годинава бев во Демир Капија на качување,таму славев го славев 22-от роденден,фарбавме јајца,бевме кај Кучкин (стандардно после качување на салата),многу добри луѓе,добро време,И нормално најбитното имаше многу качување, сите се ујачани од зимските тренинзи,Моте на пример ги качува сите 6b без проблем,Виктор качува супер (нека извини Владо ама качува повеке од него :),Бојана качи 6 смера во еден ден(и не била она за качување)...И јас изгледа во скоро време ке се вратам во форма,сите долги и тешки смерови ги качив со по еден пад,освен новото продолжување на Џанго ја качив без пад која сигурно сега е 7б севкупно со двата дела(30 метри),ама ке кажат другите кои ке ја качат,инаку новиот смер Сортук Сканија кој го правев предходната година е сигурно најтежок смер во Радар Петра секторот (сите фаќалишта му се исчистени и чека качувачи).
Супер викенд со супер пријатели :)
Фала на Greet Jans за сликите :)

Monday, March 29, 2010

За Периодов

Последниве два месеци не тренирам затоа и немаше постови на блогот,меѓутоа последниве два викенди бев на природна карпа т.е. на болдер во Прилеп и нормално на Трло како и секоја година оваа време,беше супер и таму и таму и мислам дека ми се враќа мотивацијата :)

Еве неколку слики од Трло,а тие од Прилеп ке ги постирам кога ке ги земам.

Monday, January 4, 2010

Среќна Нова 2010


Среќна Нова 2010 на сите Спортски Качувачи и сите други кои го посетуваат мојот Блог,
нека оваа година ви биде уште поуспешна од минатата,сите ваши желби да доживеат остварување,да ви се множат искачените насоки исто како и медаљите.

Спортски Поздрав !!!

Thursday, December 24, 2009

Првенство 2009 Скопје







































видеото од е од финалната стаза,а од супер финале е на YouTube.


Извинете што пишувам толку касно после Првенството,ама чекав да ми ги пратат сликите од натпреварот за да биде добар постот.Добар натпревар со супер финале :) честито на Ване за тоа што стана најмладиот шампион на Македонија и Горан(малик) за неверојатната сила,секоја чест за двајцата !!! На овој натпревар јас завршив трет ама сите качивме исто на сите стази така да можеби требаше да има нова стаза за во супер финале а не само 3-4 нови фаќалишта,ама тоа е тоа се надевам дека на следниве натпревари нема да има технички инциденти од стилот на свртени комплети и слично. Спортски Поздрав

Wednesday, November 25, 2009

Слики од Скопје































Минатиов викенд бев во Скопје на тренинг и на Маткино Трло на качување на природна карпа(немав допрено карпа 3 месеци пред тоа).Се изненадив од тоа што се ми беше тешко иако смеровите што ги качував беа лесни,сум изгубил осет за природна карпа.Се надевам дека следниот период ке одам повторно некаде на природна карпа за да повторно влезам во шема.

А останатите денови одев на машински каде што се качуваше доста добро,правевме и брзинско со Декла каде што тој беше побрз, Браво за ДЕКЛА !!!

п.с. еве слики од машински се надевам Пуци ке ми прати од Трло па ке ги закачам и нив.(eве ги и сликите од Пуци,иначе да спомнам само пуцка не оди на трло без колбаси ) :)

Saturday, November 14, 2009

Нешто од бугарија






еве и видео од Втората стаза во софија!!!
Ајде и тоа пројде за прв пат на Балканско Првенство и тоа кај бугарите.Натпреварот беше супер само што јас бев за никаде ама тоа ти е кога не одиш по натпревари често и наеднаш на голем натпревар како овој,стазите беа бомба не беа ептен тешки ниту на една не бев напумпан ама тремата ме изеде скрос,толку трема никогаш не сум имал во животот !!! Ако некогаш одам пак на големи натпревари ке треба да учествувам повеке на нашиве да поработам на тремата. се на се убав натпревар со многу мои грешки :)


поздрав

успат да кажама фала на ВЕРТИКАЛ СПОРТ за новите патики :)

Friday, October 30, 2009

Сестра ми на Island Peak













На 29 во 10 часот сестра ми се искачи на врвот Island Peak на Хималаите!!!

Според тоа што ми пиша денес таа се чувствува добро и веке почнале да слегуваат накај Катманду,така да откако ке ми пише и ке ми прати некои слики ке ги постирам :)

горд сум на тебе БИЛЕ !!!

Wednesday, October 28, 2009

Слики од Скопје (машински)

Eве и некои слики од тренинзите во Скопје во салата на машински факултет(фала на екстрем што ми даваат да тренирам со нив) :-)


















Friday, October 23, 2009

Нешто за сестра ми која е на Хималаите :)

Пред недела време сестра ми Билјана замина на Хималаите на искачување на Island Peak(6183 м.).Тие веке се почнати со искачувањето на врвот.Од последниот емаил сестра ми кажа дека се е добро и дека добро се чувствува така да се надеваме на искачување на врвот во нареднава недела.

Спортски поздрав.

емаиловите што ми ги прати се во коментари.... >>-------------->

Saturday, October 17, 2009

Качување и многу тренинзи во Скопје





















Периодов често одев за Скопје на тренинзи за викендите.Тренирав ептен многу понекогаш и по два пати во ден по 6 часа,но мегутоа немам слики од тренинзите па затоа ставам некои стари слики и видеа од поодамна.
поздрав !!!

Тоа видео e на природна карпа и е првиот 7c+ смер во светот и се наога во Ла Турбие, пред 2 години бевме во Ла турбие и го качувавме овој смер :) многу ми е драго што најдов видео од истиот :)

Monday, September 28, 2009

Нови Инструктори !!!


Нека им е со Среќа на новите Инструктори!!!
На 19-20.09.2009 во Демир Капија имаше семинар за инструктори каде некои мои драги луге се здобија
со сертификат СПОРТСКИ КАЧУВАЧ ИНСТРУКТОР.Искрено се надевам дека ке имаат многу клиенти и дека од тие
бар дел ке станат добри спортски качувачи...качување немаше многу ама има нова насока која ја направи Брба
и е екстра долга (заслужува да се уложи време во неа).

п.с.Извинете што не пишувам редовно на блогот ама не сум активен периодов!!!
(се надевам ке се наредат некои работи како очекувам и повторно ке почнам да качувам активно)

спортски поздрав :)