Thursday, May 13, 2010

Нови Насоки,Нов Сектор






Минатата недела бев на качување во Зли Дол со Владо на еден ден каде што качувавме малце бидејки беше многу влажно па потоа отидовме на Св Никола па таму малце се опуштавме на лесните насоки.Викендот 8-9-10.05 бевме во Демир Капија каде со Владо отворивме нов сектор кој се наоѓа после Колосеум секторот,направивме 5 смера за 3 дена од кои работевме по 5 часа.Смеровите се супер пробав само два од нив (најлесните) и се слични како во Турција со сталактити,превисни ептен се добри и ке има нешто ново и годинава да се качува.Голема штета е што поставувачите на насоки не прават смерови (не ми е јасно зошто тогаш полагале,можда титулата им е битна за да имаат уште некој диплома која ке им стои некаде у фијока),ама нема везе Последните Мохиканци (Владо и јас) пак останавме последни во Демир Капија за да завршиме работа.И после зборат немало смерови за качување а 90% од нив не ги ни пробале.Кога сите поставувачи на насоки би се активирале секој со своето ниво на качување да прави насоки ке има многу насоки од сите отцени.
ОВА НЕ Е КРИТИКА ОВА Е САМО МОЕ ГЛЕДИШТЕ НА РАБОТИТЕ.


Новите насоки се ( од лево кон десно):
Капетан Кука................?

Пјур Грип.......................?
Брус Ли..........................6c/+
Ичебана.........................7a
?......................................?( ке го прашам Владо за името)













No comments:

Post a Comment