Tuesday, November 23, 2010

Екшн Комплет !


Проектот за отворање на нови насоки на карпата десно од тунелот во Демир Капија заврши супер,многу насоки од секакви тежини(6а+ до 7c/+).Секторот го крстивме Вардарска Сахара бидејќи кога има сонце е дефинитивно многу топло и може да се качува цел ден а и по малце понесени од импресиите од Мароко :) . Сега има 21 насока за кои потрошени некаде околу 300 експанзиони клинови, сите насоки се една до една исто како светските качувалишта,оваа акција е можеби најголемата до сега од сите предходни за некаде 15 дена се направени сите насоки, по нашки се искинавме од работа за се да биде како што е сега. Карпата се исчисти најмногу што можеше од камења(сипарот под карпата е се што сме чистеле плус и многу камења во Вардар). Сега секторот чека качувачи да ги качат сите насоки бидејќи ниту една не е искачена уште.

Овие насоки немаше да бидат тоа без Александар Кленов(саша),Кире Серафимовски(баце кирца) и Владимир Трповски (баце владо).
Фала и до Вертикал Спорт кој помогна како и секогаш со опрема за овој настан,
од Саша фала до ЗипТравел кој му обезбеди билет до Македонија и назад.

Tuesday, November 16, 2010

Акција Демир Капија

Акцијата во Демир Капија започна,до денес во новиот сектор кој се наоѓа од десната страна пред влезот во тунелот на жолтата карпа,до денес има 11 насоки од сите тежини (од 6а+ до 7б+?),сите насоки се околу 30 метри а има и 3 насоки кои се со две должини на јаже (50 метри).Секторот ќе биде супер за во зима бидејќи е цел ден на сонце (може да се качува по кратки ракави).Ако изджи времето со оваа темпо до крајот на акцијата секторот ќе биде полн со насоки за сите и што е најубаво сите ќе може да качуваат во близина и што е најбитно на топло :)

Спортски Поздрав


п.с. слики ќе има во следниот пост

Monday, November 8, 2010

Трофеј на град Белград

Викендот 6-7 во Белград се одржа јуниорски натпревар кој е традиционален веќе последниве 6 години и го организира нашиот пријател Александар Брборобич (БРБА).На натпреварот местев стази за тежинското и десетина болдер стази.Натпреварот пројде супер сите деца беа задоволни и среќни, беше убава глетка да се види како младите качуваат и се трудат.Нашите од Македонија Виктор и Давид поминаа супер(Виктор 2-ро,Давид 6-то).После овој убав помин во Белград се селам во Демир Капија спремен за правење многу насоки заедно со Владо и Кленов планираме да направиме "решето" некаде околу 30-тина насоки само ако не послужи времето (стискајте палци да издржи времето и потоа ќе има насоки за сите).