Thursday, October 30, 2008

Европско Првенство Париз (во салата Омни Спорт БЕРСИ)
















Оваа првенство беше нешто прекрасно,таква организација,натпреварувачи,зидови,болдери, се беше до перфекција организирано.А сега нешто за качувањето таму.
Се натреварував во болдер и тежинско,болдер беше катастрофа(од моја страна нормално),а од друга страна пак тежинско искрено сум презадоволен зошто стазата иако беше тешка(потешка од прва група) беше со многу чудни потези на големи растојанија..... на кратко Fucking Hard... сега уште ми е мака што паднав поради моја грешка не заради умореност или пак заради трема,што од друга страна ми дава кураж за да тренирам појако во следниов период.


толку за во Париз кога ке ги добијам сликите ке има и постови за останатиот дел од патувањето во Франција(Fontainbleu,Crolles,La Chambotte....)

Saturday, October 11, 2008

Chilling


Во последно време се нема мотивација ич за качување чудна работа за овој период од годината кога најмногу треба да се качува,јас одмарам и немам енергија за ништо можда малце е и тремата пред Европското првенство.Исто така и малце на јадење треба да се посветам кое го избегавав додека тренирав овој период кај нас на ѕидот :)

Wednesday, October 8, 2008

Тренинг Скопје


После многу качување на Демир Капија и многу одмарање дома,редно беше малце да потренирам на болдер,па затоа бев во Скопје некое време каде што искрено се тренираше здраво баш како што треба.Заедно со Никола секој ден бевме таму и киневме тетиви, а кога се вракав од тренинг секогаш со Лиде се правеше вечера после која ретко кој може да остане буден(бидејки беше вкусно се јадеше како да не сме јаделе цела недела).Искрено супер помината недела во Скопје и уште подобар тренинг.

Monday, October 6, 2008

Демир Капија


Конечно да напишам и нешто што треба да се спомене.
Септември изгледа беше мој месец иако се беше така брзо и пролазно,сепак да споменам дека Калабастер(смерот во Демир Капија) го качив после малце работење на новата варјанта без факалиштето за два прста кое се скрши нажалост,сега е малце со поголеми потези на pinch факалишта ама интересно е и сега. :)

Големо фала до сите кои беа таму и ме бодреа за време на качувањето и секако на Вертикал Спорт .

Фала и за Моте од кого и се сликите .

Нешто за Турција (кутахија)


Значи заминавме за Турција на 24 јуни со Владо за да местиме стази на престојниот Балкански Шампионат на огромната вештачка карпа во Кутахија(град во средината на Анадолија) која инаку е и најголемата Вештачка Карпа на балканот,истата се наога универзитетот DUMLUPINAR на 5 км од градот.Универзитетот е нешто прекрасно има се што му треба на еден студент.Покрај моето неубаво започнување на патувањето до Истамбул сепак сето тоа беше прекрасно искуство.Фала и до Владо кој ме повика да бидам негов помошник Route Setter.

Прв Пост на Мојот Блог


Значи како прво фала на посетата на мојот блог кој со тек на време ке биде полн со информации за моите искачувања и патувања :)