Monday, April 2, 2012

Прилеп со "Болдер маратонот"


Како и изминативе 5 години и годинава се организираше болдер собирот кој годинава прерасна во болдер маратон, само во организација на СКК Златоврв за прв пат, бидејки досега го организираше Вертикал од Битола.Се` беше супер организирано освен односот на организацијата спрема словенците наспроти сите други(бугари,срби,босанци и хрвати) меѓу кои и ние македонците.Словенците беа третирани како организатори и како да се на свое дојдени а нели треба да биде обратно или ако не обратно да биде барем исто за сите!
Немаше се` што пишуваше дека треба да има (немаше ПДФ водич, немаше објаснет принцип на одвивање на натпреварот...) и ред други работи на кои не ми текнува а искрено не би ни сакал да ми текне, бидејки од следната година ке одам една недела порано или покасно од истиот собир.
Ова не е мој начин на зборување и јавно презентирање на работите меѓутоа тоа е само затоа што голем револт се има собрано (мислам дека и со право). ова е последното што го пишувам во врска со лошата страна на настанов.

Е сега позитивната:
Од среда со Владо,Давид и Димац отидовме поставивме шатори и искрено мислам дека поминавме најТоп досега (во поглед на екипата),Првиот ден местевме шатори и се друго па на крај едно 2 саати одвоивме за качување.Ниту еден ден не одмарав и качив многу болдери од кои еден 7а+ на флеш и пробав други потешки за кои мислам дека имам шанса да ги качам само доколку не качувам ништо друго бидејки структурата на карпата е многу остра и бесцелно е да качуваш лесни насоки ако си отиден да напредуваш и качиш нешто навистина тешко, тоа е мој совет до сите кои сакаат да качат нешто јако :) и јас ке го практикувам понатака.

во прилог ставам и слики од качувањето и журката.

Нов сектор во Демир Капија

Во организација на МСКФ, односно комисијата за качувачки локалитети отворивме нов сектор кој го крстивме ПЛАЖА, и се наоѓа после двата тунела каде што има мал паркинг. Местото е супер само што ке треба повеке да се чисти затоа сега направивме само 3 насоки.Сите насоки се потешки од 7а ( со тешки стартови). Исто така и местото го исчистивме од ѓубре и од од наносот на гранки и дрвја кои беа под насоките.
На оваа акција за оклинчување учествуваа Владимир Трповски,Слободанко Хаџи Илиев,Димитар Попов и Кире Серафимовски.

Па ајде качувачи пробајте ги новите смерови и дајте отцена :)

Смеровите од десно на лево:
1.Копа кабана..................?
2.Танга..................?
3.sex on the beach..............?

Спортски поздрав