Wednesday, March 28, 2012

Забушантот не забушава повеќе!

После 7-8 обиди падна и Забушант, смерот кој Ламиш го направи кога дојде на посета кај нас во Македонија.Го крстивме по него зошто нонстоп нешто забушаваше и му сметаше.Уште од тогаш сакав да го качам ама беше огромен залак за мене и мојата тогашна килажа,прво го качив Калабастер, па дури после 2 години го пробав и Забушант многу поспремен и послаб(во килажа).Конечно тренингот се исплатеше и полека ми се враќа љубовта кон природната карпа. Сега некои следни проекти се на ред :)

Во врска со отцената немам појма колку е тежок,само знам дека е потежок од Калабастер а полесен од некои 8c смерови кои сум ги качувал во странство.Ламиш рече 8б а не ја качи, така да ке видиме, годинава ке биде плодна со искачени тешки смерови па ке може да споредам и да дадам свое мислење(иако не се осеќам како некој најкомпетентен во врска со отцените и не сакам да се расфрлам со броеви, кои воедно се минорни според мене)

конечно вест вредна за на блог!




Wednesday, March 21, 2012

Рок Трип на ТРЛО

Стандард како и секоја година првиот рок трип е секогаш на Трло.
Супер пројде овој рок трип многу убаво време дури и сончаница ме фати, прва за годинава.
Со партнерката за Рок Трипови Лиде победивме и на овој роктрип иако немаше многу пријавени за натпреварување.




супер провод :)





Tuesday, March 6, 2012

Болдер Маратон во БОЛДЕРМАНИА



Конечно да пишам нешто на блогот, немајки желба за пишување во последниве 5 месеци еве да пишам дека ја отворивме лигата во Спортско Качување со првиот болдер натпревар во новата болдер вежбална која се наоѓа во спортскиот центар Борис Трајковски.После многу време се собравме многу натпреварувачи и конечно се создаде натреварувачка атмосфера.
Многу стази многу забава кратко кажано!



Tuesday, September 20, 2011

Кавала,Ираклица и Метора






Најдоброто патешествие до сега!!!

Со баце Владо и баце Здраве цела една недела бевме кај јужниот сосед на качување,најпрво во Кавала (Blue Zina cave) пештерата е лудница невероватно е превисна и има 25 смерови од кои само неколку се лесни другите сите се над 7а,бидејки бевме само 2 дена таму на качување немаше многу време за работа на тешките смерови.Качив една 7б за малце на онсајт мегјутоа го утнав фаќалиштето на крај, подоцна го качив без проблем (видео во прилог), потоа качував една 8а+/б и без многу проблем ги врзував сите движења, само штета што неможевме да
останеме повеќе време на качување таму.Ама се враќам таму на есен највероватно...

Додека качувавме во Кавала спиевме на една плажа во блиску Неа Ираклица, се упознавме со една "будала" Јоанис ,кој 5 месеци живее на плажата.Покрај сево ова со Здравко навивме за Македонската Кошаркарска репрезентација од грчка таверна која беше полна со грци, меѓутоа така добро сме викале со Здравко кога ја победивме Литванија што грците се чудеа :)

Следниот ден експедицијата тргна накај Метеора каде што имаше качувачки камп заедно со грците. Во Метеора сум се изнакачувал насоки за 3 дена качив 7 насоки со тежини од 5 до 7 по UIAA немам појма што е тоа во француска скала меѓутоа не беа нешто посебно тешки само што Ради гуза ко медуза на почеток бидејќи клиновите се на растојание од по 5 метри онака нормално па се до 20 метри,ама се навикнав лесно па на крај не ги ни гледав клиновите така да супер излезе целово ова патешествие.
Сега здравје Боже се спремаме за поголеми успеси :)

п.с. пред една недела со мојот компанјон за матка Моте го качивме слободно Франгов без проблеми и можам слободно да кажам дека Панчев е потежок за еден плус или за една цела отцена.

Слики и видеото од Кавала во прилог.


Monday, September 5, 2011

Метеора и Пили






Со гостите од Кореа на еден викенд бевме во Метеора и Пили. За Метеора немам зборови ептен е хардкор местото.Иако бевме само два дена таму качивме 3 смера од кои едниот е на Спиндел познатата игла на Метеора која ја имаше на насловна на Гримпер магазинот, не им ги знам имињата на смеровите но затоа имам некои слики. Во недела пред да се вратиме бевме во Пили и местото е многу јако има 3-4 лесни смерови од 6а+ до 6б+/ц а другите 70 насоки сите се повеќе од 6ц+.Тој ден качив 7а+ на онсајт и качувавме многу други смерови, меѓудругото со Ване качувавме и една 7ц+/8а. Слики во прилог!

Се враќам таму за една недела!!! :)




Thursday, August 25, 2011

Заборавен пост :)





Многу време откако не сум пишал, не дека немам време но многу малце седам на компјутер,изминативе месеци беа супер,многу се работеше на карпата има многу заинтересерини што е најбитно за нашиот спорт така да работава се движи полека но сигурно, покрај работата на карпата не сум отишол на качување многу а и помалце тренирам но нели се во интерес на спортот.Изминатава недела бевме во Демир Капија со Ненад Матич и компанија па качувавме малце но за мој "к`смет" се погодија најжешките денови од месецов па скоро и да лежев по цел ден, па еден ден малце во Солун на бањаре, па потоа кај Томи на журка па така ептен опуштено проаѓаат деновите но полека полека се враќам во форма,почнав да качувам и на вештачката карпа па здравје додека да залади малце би требало да сум во Топ форма. тоа е тоа кратко а јаснo :)

Wednesday, June 22, 2011

Wild Climb

Во Вертикал Спорт има нови модели на патики од марката WILD CLIMB, сите модели се со најквалитетната гума за патики за качување VIBRAM која ја користат сите најдобри производители на патики за качување,материјалот со кој се опшиени е кожа што придонесува до подобро оформување према стапалото.



I Must- патики за качување многу тешки насоки голема со прецизност на врвот на прстите.








Bat- патики со асиметрична форма,се препорачуваат за напредни качувачи.









Bat Lady- Иста технологија и перформанси како и BAT, имаат само женски бои.









Spider-Патики кои се препорачуваат за болдер, но исто така се многу добри и за тешки насоки кои бараат заглавување пета и прсти.









Triplex-Екстремно добри патики за секаков тип на качување(болдеринг,насоки на природна и во вежбална)










FIRE- Модел наменет за луѓе кои саат покомотни патики кои, се препорачуваат за традиционално качување на полесни насоки.










Sky-И овој модел исто се препорачува за традиционални односно долги насоки кои бараат комотност при користењето.









First Step- Патики наменети за деца и почетници.










Топ Патики за Екстремно качување, повелете во Вертикал Спорт да си го одберете вашиот модел.

Tuesday, May 24, 2011

Балканско Првенство


Уште неполни 3 дена ќе започне Балканското Првенство, ние веќе турбо работиме за да се` да биде Топ организирано.
Стазите почнавме да ги местиме и лично се надевам на многу места на пиедесталот за нашите натпреварувачи.


еве го постерот за натпреварот изработен од нашиот Јован Иванов.

се гледаме :)

Monday, May 9, 2011

Качување во Демир Капија и на новата карпа


Минатиот викенд на еден ден случајно отидов до Демир Капија да си ги земам комплетите кои ги имав оставено од велигден на забушант.Сосема неочекувано стигнав до крај на смерот и паднав на едно движење пред крај, така да остана за следниот пат!!! Бидејќи никој не остана во Демир Капија дојдов во Скопје па тренирав на големата нова карпа, да ја запознаам подобро за да може стазите за натпревар да бидат добри.Направив и некоја насока на така да има сега полно насоки да се тренира до пред Балканското за сите кои се јуниори.Карпата е лудница и е супер долга уствари скоро како без крај,конечно има добро место за супер тренинг.

еве една слика од карпата и видео од Забушант(фала на моте и грета за сликата и видеото)


Friday, April 29, 2011

Многу убав Велигден





За Велигден традиционално ми стана да одам во Демир Капија,оваа година имаше многу качувачи.многу позитивна енергија и секако тука беше обеќаното јагне :) кое додека го испековме излезе голгота, али викаат колку повеќе се мачиш толку е повкусно. Исто така нашиот клуб организиравме и Рок Трип Маратон каде луѓето се здробија од качување на новите и стари смерови.
На рок трипот победија Томи и Ичи втори беа нивните бечни ривали Моте и Марјан а трето беа Греет и Марјан џокер (цепорекс), а исто и фамија Трповски доби диплома за најдобар фамилијарен резултат ( картончето се гледа дека се убиле од качување).После прогласувањето се јадеше тешко испеченото јагне и имаше супер забава каква што немало одамна во Калабастер. Јас не качував нешто посебно многу, ама таква е организаторската работа. :)

Wednesday, March 30, 2011

Качување болдер во Прилеп






Минатиов викенд бевме на болдер во Прилеп (традиционално),само што годинава имаше многу луѓе и беше супер,се качуваше како никогаш досега на болдер.Видовме што качувале словенците и голем дел од тоа качив и јас а и многу други,така да не се многу пред нас само треба да стегнеме г`з и да тренираме. Во саботата вечерта имаше журка која беше лудило :) Дефинитивно Прилеп и тој сектор ( камена баба) го ставам во календар за секоја моја наредна качувачка година.

Friday, February 4, 2011

Тренинг,Празници и Сестра ми во Јужна Америка

Минатиов месец ми беше полн со активности колку спортски и толку "неспортски".Поголемиот дел од времето го поминував во Скопје каде што тренирав со луѓето од Екстрем,конечно салата на Машински ја отворија па тренирав и таму.
Што е најбитно почнавме да работиме на филмот за Спортско Качување,теасерот го снимивме и е супер (во некој следен пост ке го закачам и него), здравје па во мај ке почне да се работи и на филмот.
Е сега сестра ми Билјана беше на Аконкагва минатиов месец и не успеа да се качи,искерено добра школа е тоа,сепак врвот ке остане таму па ке може да оди пак.