Monday, January 5, 2009

Видеа од Качување


Ова видео е од една стаза во скопје (болдер вежбална)
многу интересна и динамична стаза баш мој стил.

фала на Никола за видеото.


Ла Кумбре на Маткино Трло

Убав смер а уште подобар зошто го качив onsight.

Овој е мојот прв 7а оnsight а и еден од првите смерови качени после повредата на прстот !!!




Еден обид на Калабастер сниман од Моте
(со новата варијанта без фаќалиштето за два прста)

Friday, January 2, 2009

Среќни Празници



Срекна нова 2009

Се надевам дека на сите новата година ке ви донесе многу здравје,успеси,радост и секако сите ваши планови да доживеат реализација.На спортски план сите да освоите многу медали,многу убави моменти со сите пријатели (качувачи) и се друго што ве исполнува во животот.


Поздрав КИРЕ

Friday, November 28, 2008

Галерија во склоп на Блогот















Од сега ке можете да гледате повеке слики на Блогот,галеријата се наоѓа на десната страна од блогот.

уживајте....

Thursday, November 6, 2008

Еве нешто од Fountainbleu,La Chambotte и забавата во Берси


Оваа слика е од Фонтенбло(Fontainbleu)едно од најпознатите Болдер локалитети во европа можда и во светот.Таму се е така релаксирачко,немораш да одиш многу за да стигнеш до болдерите тие се одма тука скоро до паркингот за автомобили.Целиот локалитет се наога во шума и е многу мистично по малце и чудно зошто во сред рамница(поле) има толку многу болдери.








Ова е наш пријател кој дефинитивно има најдобра фризура која ја имам видено.

(сликано на забава после финале)
















Ова тука е во La Shambotte едно многу интересно место каде се е екстра тешко и баш има фраерско качување,а за отцените да не зборуваме баш се old French !!!













Ова тука е исто во La Chambotte ама на вечера каде баш 3 дена живеевме како номади :)













После 3 дена во дивина малце на кафе во кафитерија(во Crolles),иначе во тоа мало градче се наога фабриката на Petzl за во Европа.






Тоа е на кратко за патувањето и Европското Првенство во Париз.

Thursday, October 30, 2008

Европско Првенство Париз (во салата Омни Спорт БЕРСИ)
















Оваа првенство беше нешто прекрасно,таква организација,натпреварувачи,зидови,болдери, се беше до перфекција организирано.А сега нешто за качувањето таму.
Се натреварував во болдер и тежинско,болдер беше катастрофа(од моја страна нормално),а од друга страна пак тежинско искрено сум презадоволен зошто стазата иако беше тешка(потешка од прва група) беше со многу чудни потези на големи растојанија..... на кратко Fucking Hard... сега уште ми е мака што паднав поради моја грешка не заради умореност или пак заради трема,што од друга страна ми дава кураж за да тренирам појако во следниов период.


толку за во Париз кога ке ги добијам сликите ке има и постови за останатиот дел од патувањето во Франција(Fontainbleu,Crolles,La Chambotte....)

Saturday, October 11, 2008

Chilling


Во последно време се нема мотивација ич за качување чудна работа за овој период од годината кога најмногу треба да се качува,јас одмарам и немам енергија за ништо можда малце е и тремата пред Европското првенство.Исто така и малце на јадење треба да се посветам кое го избегавав додека тренирав овој период кај нас на ѕидот :)

Wednesday, October 8, 2008

Тренинг Скопје


После многу качување на Демир Капија и многу одмарање дома,редно беше малце да потренирам на болдер,па затоа бев во Скопје некое време каде што искрено се тренираше здраво баш како што треба.Заедно со Никола секој ден бевме таму и киневме тетиви, а кога се вракав од тренинг секогаш со Лиде се правеше вечера после која ретко кој може да остане буден(бидејки беше вкусно се јадеше како да не сме јаделе цела недела).Искрено супер помината недела во Скопје и уште подобар тренинг.

Monday, October 6, 2008

Демир Капија


Конечно да напишам и нешто што треба да се спомене.
Септември изгледа беше мој месец иако се беше така брзо и пролазно,сепак да споменам дека Калабастер(смерот во Демир Капија) го качив после малце работење на новата варјанта без факалиштето за два прста кое се скрши нажалост,сега е малце со поголеми потези на pinch факалишта ама интересно е и сега. :)

Големо фала до сите кои беа таму и ме бодреа за време на качувањето и секако на Вертикал Спорт .

Фала и за Моте од кого и се сликите .

Нешто за Турција (кутахија)


Значи заминавме за Турција на 24 јуни со Владо за да местиме стази на престојниот Балкански Шампионат на огромната вештачка карпа во Кутахија(град во средината на Анадолија) која инаку е и најголемата Вештачка Карпа на балканот,истата се наога универзитетот DUMLUPINAR на 5 км од градот.Универзитетот е нешто прекрасно има се што му треба на еден студент.Покрај моето неубаво започнување на патувањето до Истамбул сепак сето тоа беше прекрасно искуство.Фала и до Владо кој ме повика да бидам негов помошник Route Setter.

Прв Пост на Мојот Блог


Значи како прво фала на посетата на мојот блог кој со тек на време ке биде полн со информации за моите искачувања и патувања :)