Thursday, December 30, 2010

Среќна Нова 2011


На сите Качувачи нека им е среќна новата 2011 г. многу нови искачени насоки,здравје пред се` и упорност.
Ќе се радуваме на новите успеси заедно во 2011 г.

Tuesday, December 14, 2010

Вардарска Сахара качување


На еден ден поточно на неколку саати со Владо и Кленов бевме да ги пробаме смеровите во новиот сектор,да видиме дали сме завршиле добра работа.Качивме 4 смера (Руски Јапонец 6а+, Свинско Ребро 6б+/ц, Колибри 6а+ и ФенШуи 7а).Смеровите се супер долги со многу поразлични движења од другите смерови низ Македонија.ДОБРА РАБОТА е завршена со правењето на овие смерови !!! До сите кои ќе качуваат таму обавезно тој што осигурува да носи кацига на полесните смерови (бидејки се кршат мали факалишта) и по можност да си земат челична четка за да си чистат факалишта.

Tuesday, November 23, 2010

Екшн Комплет !


Проектот за отворање на нови насоки на карпата десно од тунелот во Демир Капија заврши супер,многу насоки од секакви тежини(6а+ до 7c/+).Секторот го крстивме Вардарска Сахара бидејќи кога има сонце е дефинитивно многу топло и може да се качува цел ден а и по малце понесени од импресиите од Мароко :) . Сега има 21 насока за кои потрошени некаде околу 300 експанзиони клинови, сите насоки се една до една исто како светските качувалишта,оваа акција е можеби најголемата до сега од сите предходни за некаде 15 дена се направени сите насоки, по нашки се искинавме од работа за се да биде како што е сега. Карпата се исчисти најмногу што можеше од камења(сипарот под карпата е се што сме чистеле плус и многу камења во Вардар). Сега секторот чека качувачи да ги качат сите насоки бидејќи ниту една не е искачена уште.

Овие насоки немаше да бидат тоа без Александар Кленов(саша),Кире Серафимовски(баце кирца) и Владимир Трповски (баце владо).
Фала и до Вертикал Спорт кој помогна како и секогаш со опрема за овој настан,
од Саша фала до ЗипТравел кој му обезбеди билет до Македонија и назад.

Tuesday, November 16, 2010

Акција Демир Капија

Акцијата во Демир Капија започна,до денес во новиот сектор кој се наоѓа од десната страна пред влезот во тунелот на жолтата карпа,до денес има 11 насоки од сите тежини (од 6а+ до 7б+?),сите насоки се околу 30 метри а има и 3 насоки кои се со две должини на јаже (50 метри).Секторот ќе биде супер за во зима бидејќи е цел ден на сонце (може да се качува по кратки ракави).Ако изджи времето со оваа темпо до крајот на акцијата секторот ќе биде полн со насоки за сите и што е најубаво сите ќе може да качуваат во близина и што е најбитно на топло :)

Спортски Поздрав


п.с. слики ќе има во следниот пост

Monday, November 8, 2010

Трофеј на град Белград

Викендот 6-7 во Белград се одржа јуниорски натпревар кој е традиционален веќе последниве 6 години и го организира нашиот пријател Александар Брборобич (БРБА).На натпреварот местев стази за тежинското и десетина болдер стази.Натпреварот пројде супер сите деца беа задоволни и среќни, беше убава глетка да се види како младите качуваат и се трудат.Нашите од Македонија Виктор и Давид поминаа супер(Виктор 2-ро,Давид 6-то).После овој убав помин во Белград се селам во Демир Капија спремен за правење многу насоки заедно со Владо и Кленов планираме да направиме "решето" некаде околу 30-тина насоки само ако не послужи времето (стискајте палци да издржи времето и потоа ќе има насоки за сите).

Saturday, October 30, 2010

Мароко !

Клајмерската експедиција Мароко заврши,од топлата африка се вративме со многу спомени добри и лоши со многу искуство со малце качување и многу нови запознаени луѓе.Иако ни тргна лошо уште на почеток па се така до крај ние екипата снова успеавме до крај да останеме весели,да се забавуваме да видиме многу работи,да пробаме и џус од немиени чаши,да се јаваме камили,да однесеме дожд во Сахара а богами и поплава невидена во Тодра, сума сумарум мене ми беше супер само да не послужеше времето малце повеќе да качуваме секој ден, не качив нешто особено многу тешко и качував повеќе онсајт каде најтежок онсајт ми беше 7б а најтежок редпоинт 7c/+, би им препорачал на сите кои сакаат да качуваат таму да отидат бидејќи толкав кањон немам видено до сега само ке им треба многу време да ги пронајдат насоките и да се снајдат во водичот кој инаку е на рака цртан.Исто и смеровите се лудница некаде има многу клинови без везе ставени а каде што треба нема по 3-4 метри па и повеќе па дури и на почетоците на некои смерови првиот клин е на 5-6 метри. Бевме и во Маракеш,Казабланка,Мерзуга,Рабат и некаде на Атлантски океан,има таму многу да се види! Толку од извештајот од Мароко !!!


п.с. Во Вертикал Спорт има нови патики од Wild Climb кои ги тестирав во Мароко и се ЕКСТРА а и цената им е џабее,одете проверете!

Thursday, October 14, 2010

Рок Трип Демир Капија

На 10.10 во мојот омилен локалитет се одржа Рок Трип натпревар кој воедно беше и меѓународен имаше гости од србија меѓу кои беше и младата Сташа Гејо која инаку е европски првак во сите дисциплини,па една вечер поминавме со презентации од нејзините натпревари победи и порази од нејзините многу тешки искачени смерови.Немав многу прилика да ја гледам како качува но ваљда некој следен пат.Е сега да кажам дека со Лиде бевме пар на рок трипот и победивме убедливо со можеби 1000 поени разлика и качувавме до вечер а последниот смер го качив во темница без челна лампа и беше најлудата работа направена досега од мене иначе смерот беше 7а+/б,сватив дека ние качувачите уживаме во мачење... Плус и беше ладно како никогаш досега,исто имаше и луѓе како во добрите лета пред неколку години,беше убаво да се види толку народ таму после толку време :)

слики ке има кога ке добијам.

Tuesday, October 12, 2010

Матка

Предходниот викенд имавме извонредно време на Матка и качувавме 3 дена под ред каде се качи се и сешто,заедно со Владо,Здрле,Лиде и скоро цел екстрем,од многу сонце тие денови дури и се исончавме.Ги качував скоро сите смерови на св. Никола Шишевски го качив и Види Поскок кој викаат дека е 7б и тотално не е мој стил на многу мали фаќалишта.Следниот ден со Лиде "заглавивме" на Панчев каде се туткавме на сидришта,повеќе време губевме во средување опрема на сидришна него ли во качување,ама го спукавме без проблеми,со Владо качувавме некој смер Нина на ковани клинови и на тој смер супер си пројдов .Супер качување со многу добри луѓе!

Thursday, September 23, 2010

Качување во Демир Капија,Maтka и многу други активности

Прво извинете што не пишувам редовно ама не седам на компјутер често,изминатиов месец повеке одмарав,трчав,качував лесно (новогодишен 2 пати),на водно малце тренирав и дојде ред за Демир Капија каде качував многу плус и го качив Суртук Сканија 7б/+ со кој немав к`смет откако го направив нонстоп нешто ми се случуваше качувајки го ама падна и тој па да кажам искрено е многу добар смер и чека мажи за скокот пред крајот :) (штета што нема видео од него).Владо ме снимаше на неколку смерови па ке закачам тие што се намонтирани.Се враќам во качувачка форма за природна карпа!
Поздрав



Saturday, August 14, 2010

Натпревар во Двор



На новиот болдер кај Владо во двор се направи еден убав настан каде се качуваше не многу ама беше интересно,сите си правеа стаза а другите требаше да ја качат и беше многу интересно сите беа со различни идеи и затоа имаше секакви стази.Убави неколку дена во Скопје!

п.с.Имено мојот спонзор ВЕРТИКАЛ СПОРТ следната недела ќе пушти во функција нов веб сајт со онлајн купување Посетете го!

Wednesday, August 4, 2010

Бек он Клајмбинг :)

Предходниот месец беше лудница, многу работи се случија но сега се излезе супер. Бев 2 пати во Демир Капија каде качував многу, смерот Суртук Сканија сигурно е 7б+ иако не го качив (бидејќи ми скина многу кожа, па морав да го оставам за следниот пат), исто го пробав и Брух кој е дефинитивно најтежок во секторот ВДД и чека мажи да го качат :). Во меѓувреме кога не бев на природна тренирав на болдерот 3 пати во неделата и се гледа дека има резултат. Е сега најбитното е дека предходниот викенд бев во Охрид на Рок Маратон каде со баце Владо бевме пар и мислам дека победивме со 15 качени насоки, не качив таму ништо тешко (до 7а) по се изгледа за таму да се качува треба да се оди повеќе време за да се навикнам на карпата која е многу чудна, фаќалиштата се на страна,одоздола или пак се отворени ама мазни; така да тешко е да одиш и да качуваш одма тешки смерови, треба аклиматизација како што вика баце Шефко.Здравје, следниот пат доколку одам таму ќе качувам само тешки смерови.Плус повеќе од времето се мотавме по плажи, малце на журки (Ван Гог,Пол Ван Дајк), Сума сумарум ептен добар продолжен викенд.












Friday, July 9, 2010

Болдер Вежбална

Еве конечно и нашиот клуб доби своја болдер вежбална,после многу време и ние ке имаме место за добар тренинг.Вежбалната ја изградивме за околу една недела ентузијастичка работа од неколку луѓе на кои јас лично сум им благодарен.Фала на Вертикал Спорт(мислам на Владо),на општина Струмица за просторот,на Александар Брзаковски,татко ми,Александар Костов со кои секој ден се работеше и покрај обврските кои ги имаат,фала на сестра ми за бојадисувањето :),Овој проект немаше да биде каков што е денеска без сите нив.
Воедно вежбалната ќе биде отворена за сите членови на СКК Но Лимитс,но и за сите други кои ќе сакаат да тренираат спортско качување,ќе почнеме со тренинзи следната недела бидејки има уште некои ситни работи околу истата.


Затоа Фала на сите кои помогнаа !!!










Friday, June 25, 2010

Факултлет,Испити,Нова Болдер Вежбална и секако Демир Капија


Овој месец од почетокот до сега имав повеке активности меѓу кои и Факултетските (испитна сесија) ама полека проаѓа и тоа,бев во Демир Капија два пати каде се качуваше стандардно ништо особено меѓутоа најважното нешто кое што ме преокупираше (покрај испитите) е тоа што почнавме да градиме болдер вежбална која после една недела напорна работа до крајот на викендов ќе ја завршиме и конечно ќе имаме место за јак тренинг како што треба.Пошироко околу вежбалната откако ќе ја завршиме и многу им благодарам на сите што помагаа при изградбата(ке напишам друг пост за сите и опширно околу работата).

Спортски Поздрав

п.с Ке закачам слики од текот на изградбата и готовиот болдер во следниот пост.

Saturday, May 29, 2010

Пак Демир Капија





Изминатиов викенд бевме многу луге во Демир Капија супер си поминавме и качувавме многу.За 3 дена качив 25 насоки што значи се вракам полека во форма,плус качив и една насока од новиот сектор(од потешките) Pure GRIP за отцена не сум сигурен ама е некаде околу 7б (следниот пат ке качувам повеке и ке може да споредам).
Сега за другите:
Моте си ја качи својата прва 7а-,сестра ми почна пак да качува и за малце не ја качи Мицковска (следниот пат ке ја качи),Александар(малиот) од наш клуб за прв пат доаѓа на природна карпа и качи 6а+ без проблем.

Демир Капија here i come again soon :)

Tuesday, May 18, 2010

Натпревар Водно


Ништо и од овој натпревар кој требаше да се одржи на Водно,каде што има изградено нова вештачка карпа која чека да се направи "сефте" натпревар на неа.Меѓутоа како што знаете овој викенд во саботата времето беше катастрофа па затоа се тренираше во Даре Џамбаз преку ден а потоа на вештачката карпа во Машински Факултет.Во неделата случајно отидовме на Матка малце да се раскачуваме меѓутоа имаше многу ветар и беше ладно затоа не качував многу (само 3 смера).Потоа сите бевме кај Владо во двор на скара каде што беше супер,многу луѓе, многу муабети,многу смешки.Вака треба почесто да се собираме.
Ако се биде ОК,следниов период ке почнам и јас да тренирам :)