Friday, October 30, 2009

Сестра ми на Island Peak













На 29 во 10 часот сестра ми се искачи на врвот Island Peak на Хималаите!!!

Според тоа што ми пиша денес таа се чувствува добро и веке почнале да слегуваат накај Катманду,така да откако ке ми пише и ке ми прати некои слики ке ги постирам :)

горд сум на тебе БИЛЕ !!!

Wednesday, October 28, 2009

Слики од Скопје (машински)

Eве и некои слики од тренинзите во Скопје во салата на машински факултет(фала на екстрем што ми даваат да тренирам со нив) :-)


















Friday, October 23, 2009

Нешто за сестра ми која е на Хималаите :)

Пред недела време сестра ми Билјана замина на Хималаите на искачување на Island Peak(6183 м.).Тие веке се почнати со искачувањето на врвот.Од последниот емаил сестра ми кажа дека се е добро и дека добро се чувствува така да се надеваме на искачување на врвот во нареднава недела.

Спортски поздрав.

емаиловите што ми ги прати се во коментари.... >>-------------->

Saturday, October 17, 2009

Качување и многу тренинзи во Скопје





















Периодов често одев за Скопје на тренинзи за викендите.Тренирав ептен многу понекогаш и по два пати во ден по 6 часа,но мегутоа немам слики од тренинзите па затоа ставам некои стари слики и видеа од поодамна.
поздрав !!!

Тоа видео e на природна карпа и е првиот 7c+ смер во светот и се наога во Ла Турбие, пред 2 години бевме во Ла турбие и го качувавме овој смер :) многу ми е драго што најдов видео од истиот :)

Monday, September 28, 2009

Нови Инструктори !!!


Нека им е со Среќа на новите Инструктори!!!
На 19-20.09.2009 во Демир Капија имаше семинар за инструктори каде некои мои драги луге се здобија
со сертификат СПОРТСКИ КАЧУВАЧ ИНСТРУКТОР.Искрено се надевам дека ке имаат многу клиенти и дека од тие
бар дел ке станат добри спортски качувачи...качување немаше многу ама има нова насока која ја направи Брба
и е екстра долга (заслужува да се уложи време во неа).

п.с.Извинете што не пишувам редовно на блогот ама не сум активен периодов!!!
(се надевам ке се наредат некои работи како очекувам и повторно ке почнам да качувам активно)

спортски поздрав :)

Tuesday, June 23, 2009

Нешто од Демир Капија


Малце заборавив да пишувам на Блогот,затоа еве сега некоја фотографија од последното патување до Демир Капија,каде последниов период одам почесто.
Сега и скалите се направени така да немора да се минува низ река,има нови смерови,има убава клима (баш е свежо за качување),убава храна,Жути ни е уште таму.....Се е убаво !!!Новите смерови се бомба некои од нив ги качив,некои од нив следниот пат....Така да секој кој сака добар climbing дефинитивно Демир Капија ке биде Топ место за сега .

















Tuesday, May 26, 2009

Работен Продoлжен викенд за мене и некои мои драги луге :)





Викендот и дел од неделата поточно од 16 до 20 мај во Демир Капија бевме јас,Владо и Брба од Србија(машина човек).Во тој мал период со мнооогу работа се отворија уште 10 насоки(или можеби 11),кои искрено се ептен добри,за тежина да не зборуваме (има за секој по нешто па дури и некои смерови на кои ке треба да се работи некое време).Па некои следни викенди откако ке завршат овие испитите на факултет ке почнам да тренирам бидејки овие насоки заслужуваат да се одвои време за нив.

Поздрав и се надевам дека во скоро истиве насоки ке бидат искачени(плачат насокиве за прво искачување) :)

Wednesday, April 29, 2009

Лоша среќа



Еве зошто нема качување подолг период за мене сега :(

Wednesday, April 22, 2009

GeyikBayiri,Аntalija и мнооогу Качување





Мнооогу магично место...... едноставно без зборови после качувањето во Турција,многу добри луѓе,многу смерови onsight (најмногу досега за мене)многу забава,многу портокали (од мојата плантажа),за ова место би можел да зборувам само со суперлативи :)....

Ова за мене беше едно патување каде имав со план да соберам искуство и мноооогу инспирација,секако успеав во тоа, (само уште факултетот да не ми зимаше толку многу енергија и се ке беше таман).

За мене местото беше малце топло,но секако имаше и сектори кои беа во сенка цел ден па качував таму.

Доста зборување сликите нека зборуваат :)

п.с. листа на смеровите качени ке напишам подоцна.(повеке слики во галеријата) ----->>













































Saturday, April 4, 2009

Маткино Трло

Еден од моите омилени настани секако е Рок Трипот на Маткино Трло.
Овој рок трип беше супер, многу добри луѓе,истите смерови а сепак е еден од најдобрите качувачки сектори,има баш се за секого :)
доста пишување ајде некоја слика од рок трипот
































Friday, March 6, 2009

Прв натпревар,најдобар спортист на природна карпа и семинар за инструктори



Помина и овој викенд со премногу активности,многу ми беше драго што си ги видов сите пријатели од цела Mакедонија.Во Скопје стигнав во сабота каде на матка имаше семинар за инструктори кој што го следев и јас,пред тоа малце покачувавме направив сефте на природна карпа оваа година(тешко ми беше многу изгледа сум излегол од колосек).После матка бевме на пивце па на журка со Здравко се до сабајле.Другиот ден беше натпреварот баш како дома ми беше,си се накачував и несакајки ме прогласија за прво место,мегутоа после излегоа некои проблеми во бодувањето(прочитајте на предходниот пост мое размислување во врска со тоа) и ми го земаа првото а ми дадоа второ место (не е лошо за без тренинг).Исто така од СКА ме прогласија и за Најдобар Спортски Качувач на ПРИРОДНА КАРПА за 2008.
Искрено прекрасен викенд во Скопје !!!

Wednesday, March 4, 2009

Мое мислење во врска со концептот на првиот натпревар

Значи помина и првиот натпревар кој беше многу различен од оние кои беа организирани до сега.Искрено си поминав супер (исто како дома) си ги видов пријателите(качувачите) и беше многу релаксирано баш како што јас сакам.(иако не сум голем фан за натпревари овој концепт ми се допадна).
Меѓутоа изгледа имаше проблем во бодувањето и собирањето на поените од стазите.
Целиот концепт на натпреварот беше добар (можда и подобар од оние со изолациона зона),меѓутоа собирањето на бодовите по мое мислење не е добро, и би требало да се промени.

Моето мислење е :

На овој натпревар се сметаше кој има повеке топови од прва тој е победник,мегутоа се занемарува дека сите се тука под ѕидот и ги гледаат сите додека качуваат,сакам да кажам дека кога некој за прв пат качува некоја стаза(која никој не ја качил пред тоа) сите го гледаат и доколку тој згреши на стазата односно падне другите кои гледаат знаат каде згрешил и сигурно нема да ја направат грешката како него(првиот кој качувал на стазата),со тоа тој фактички тој е на соло мисија сам си наоѓа начин да ја качи стазата а другите само копираат.
така да би требало да се собираат ВКУПНО БОДОВИ а не како сега кој има најмногу топови од прва тој е победник.

Поздрав и слободно коментирајте во врска со ова мое мислење.

(да не излезе дека се бунам со одлуката да ми се земе првото место,јас само сакам да се подобри концептот на натпреварите од ваков стил)


p.s.( и на сраната на СКА пишува дека се собираат вкупно бодови)

Monday, January 5, 2009

Видеа од Качување


Ова видео е од една стаза во скопје (болдер вежбална)
многу интересна и динамична стаза баш мој стил.

фала на Никола за видеото.


Ла Кумбре на Маткино Трло

Убав смер а уште подобар зошто го качив onsight.

Овој е мојот прв 7а оnsight а и еден од првите смерови качени после повредата на прстот !!!




Еден обид на Калабастер сниман од Моте
(со новата варијанта без фаќалиштето за два прста)

Friday, January 2, 2009

Среќни Празници



Срекна нова 2009

Се надевам дека на сите новата година ке ви донесе многу здравје,успеси,радост и секако сите ваши планови да доживеат реализација.На спортски план сите да освоите многу медали,многу убави моменти со сите пријатели (качувачи) и се друго што ве исполнува во животот.


Поздрав КИРЕ