Friday, March 6, 2009

Прв натпревар,најдобар спортист на природна карпа и семинар за инструктори



Помина и овој викенд со премногу активности,многу ми беше драго што си ги видов сите пријатели од цела Mакедонија.Во Скопје стигнав во сабота каде на матка имаше семинар за инструктори кој што го следев и јас,пред тоа малце покачувавме направив сефте на природна карпа оваа година(тешко ми беше многу изгледа сум излегол од колосек).После матка бевме на пивце па на журка со Здравко се до сабајле.Другиот ден беше натпреварот баш како дома ми беше,си се накачував и несакајки ме прогласија за прво место,мегутоа после излегоа некои проблеми во бодувањето(прочитајте на предходниот пост мое размислување во врска со тоа) и ми го земаа првото а ми дадоа второ место (не е лошо за без тренинг).Исто така од СКА ме прогласија и за Најдобар Спортски Качувач на ПРИРОДНА КАРПА за 2008.
Искрено прекрасен викенд во Скопје !!!

No comments:

Post a Comment