Wednesday, March 4, 2009

Мое мислење во врска со концептот на првиот натпревар

Значи помина и првиот натпревар кој беше многу различен од оние кои беа организирани до сега.Искрено си поминав супер (исто како дома) си ги видов пријателите(качувачите) и беше многу релаксирано баш како што јас сакам.(иако не сум голем фан за натпревари овој концепт ми се допадна).
Меѓутоа изгледа имаше проблем во бодувањето и собирањето на поените од стазите.
Целиот концепт на натпреварот беше добар (можда и подобар од оние со изолациона зона),меѓутоа собирањето на бодовите по мое мислење не е добро, и би требало да се промени.

Моето мислење е :

На овој натпревар се сметаше кој има повеке топови од прва тој е победник,мегутоа се занемарува дека сите се тука под ѕидот и ги гледаат сите додека качуваат,сакам да кажам дека кога некој за прв пат качува некоја стаза(која никој не ја качил пред тоа) сите го гледаат и доколку тој згреши на стазата односно падне другите кои гледаат знаат каде згрешил и сигурно нема да ја направат грешката како него(првиот кој качувал на стазата),со тоа тој фактички тој е на соло мисија сам си наоѓа начин да ја качи стазата а другите само копираат.
така да би требало да се собираат ВКУПНО БОДОВИ а не како сега кој има најмногу топови од прва тој е победник.

Поздрав и слободно коментирајте во врска со ова мое мислење.

(да не излезе дека се бунам со одлуката да ми се земе првото место,јас само сакам да се подобри концептот на натпреварите од ваков стил)


p.s.( и на сраната на СКА пишува дека се собираат вкупно бодови)

No comments:

Post a Comment